ЗЛАТИБОР со посета на Сирогојно и Дрвенград – 8ми Март
05.03. - 08.03.2021 (4 дена, 2 ноќевања)
Златибор е еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите, а денеседно од најпосетените места на Балканот, достапен и за нас…Златибор, Дрвенград и Сирогојно ќе Ве воодушеват и ќе Ви дадат спокој и мир, не размислувајте!
ПРГРАМА :
05 Март (петок) СКОПЈЕ – ЗЛАТИБОР
Состанок на групата во Кавадарци во 21 часот и во Скопје во 22:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Ноќно возење.
06 Март (сабота) ЗЛАТИБОР
Пристигнување во утринските часови во Златибор и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на многубројните брвнари каде што се изложени над 2000 експонати. И посета на музејот на отворено и специјализирана продавница за рачни ракотворби изработени од волна, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Зллатибор. Ноќевање.
07 Март (недела) ДРВЕНГРАД
Појадок. Појадок. После појадокот се оди во посета на Дрвенград, дело на Емир Кустурица специјално конструиран за снимање на филмот “Животот е чудо”. Шетајќи низ Дрвенград ќе добиете впечаток како населбата да е градена пред 100 години од рацете на старите градители. Овде може да ги пробате познатите слатки и природни сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Џокович, Диего Марадона, Џони Деп итн. Попатна посета на изворот Бела Вода и познатата железница Шарганска Осмица. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибори посета на пазарот за сувенири и добро познатата златиборска пршута и кајмак, што се наоѓа во самиот центар.
Вечерта,факултативно,свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.
08 Март (понеделник) ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ
Појадок. . Заминување во Македонија со попатна посета на Врњачка бања за прошетка по познатата Променада. Слободно време за ручек и шопинг и очекувано пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжман 6.510 мкд
Цената на аранжманот вклучува :
- Превоз со високо туристички автобус на наведена релација
- Сместување во вила Јелена на база 2 ноќевања со појадок , ЛИНК
- Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода и Врњачка бања
- Организација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот НЕ вклучува :
- Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
- Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
- Туристичка такса 2 евра по лице, се плаќа во хотел
- Задолжително патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 30 евра
- Деца до 5,99 години БЕСПЛАТНО
- Деца од 6 до 11.99 години плаќаат 50%
- Свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот доколку постои протокол за тоа – 15 евра по лице
Напомени:За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
За ова патување важат општите услови за патување од СКТМ.