ЗАНЗИБАР СО ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ЛЕТ ОД СОФИЈА
Датум:
02.04.2021 – 11.04.2021
10 дена/ 7
ноќевања
Ден 1 – 02.04.2021
(Петок) СОФИЈА - ЗАНЗИБАР
Поаѓање
од Софија за Занзибар со директен чартер лет на авиокомпанијата Bulgarian Air Charter по маршута Софија - Занзибар (со техничко слетување во
Египет) во 14:10 часот.
Ден 2 – 03.04.2021 (Сабота)
ЗАНЗИБАР
Слетување во Занзибар во 07:10 ч. Средба со
претставник на локалниот туроператор на аеродромот во Занзибар и трансфер до хотел.
Сместување после 13:00 часот. Слободно време. Ноќевање.
Ден 3 – 04.04.2021 (Недела) ЗАНЗИБАР
Слободно време за плажа или посета
на Стоун Таун (40 евра).
Прекрасна
прошетка низ историјата на островот, која ќе Ви ги покаже најинтересните
знаменитости и историско наследство на Занзибар. Турнеата започнува од
градскиот пазар кој датира од 1904 година и од каде можете да купите свеж
зеленчук, овошје и риба. Следно е Англиканската црква изградена во 1873 година,
продолжуваме
кон Султановата палата од 1890 година, користена како резиденција за членовите
на султановото семејството. Ќе
поминете покрај родната куќа на Фреди Меркјури (не се влегува внатре). Ќе ја видиме и
Палатата за церемонии, која е изградена во 1883 година за одржување на кралски церемонии. Ќе поминеме и покрај
поранешниот англиски клуб, кој сега е Африканска куќа. Ќе застанеме за да се наслатиме на
густата сенка на паркот Forodhani, кој е омилено место за одмор на локалното
население. И на крај - Старата тврдина, која ја изградиле Арапите за да се одбранат
од инвазијата на Португалците.
·
Препорачано е носење на конзервативна
облека – дамите треба да носат долги панталони или здолниште, како и да им се
покриени рамењата.
Ноќевање.
Ден 4 – 05.04.2021 (Понеделник) ЗАНЗИБАР
Слободно време за плажа и одмор или полудневна екскурзија „Занзибар
– островот на зачините“ (околу 3 часа, со доплата 40 евра.)
Кога ќе слушнете за
Занзибар, првата асоцијација се зачините - каранфилче, цимет, бибер и многу други. Тие биле
купени од султаните на Оман и се една од причините за започнување на трговијата со
робови. Ќе можете да ги видите насадите за зачини покрај Стоун Таун и да сте дел од
една екскурзија која ќе ги исполни вашите сетила со ароми на свежи билки. За време на
екскурзијата ќе добиете детален опис на различните зачини, како и
нивната примена во кулинарската уметност и козметиката. Ќе бидете импресионирани и од
огромната разновидност на зачини што се произведуваат и од нивните лековити
својства. Исто така, ќе можете да купите зачини и масла извлечени од нив по
повластени цени.
·
Препорачано е носење на конзервативна
облека – дамите треба да носат долги панталони или здолниште, како и да им се покриени рамењата.
Враќање во хотел.
Ноќевање.
Ден 5 – 06.04.2021 (Вторник) ЗАНЗИБАР
Слободно време за на
плажа и одмор или екскурзија до
затворскиот остров (3 часа, со доплата и минимум 6 туристи - 49 евра).
Островот се гледа од
Стоун Таун и е оддалечен околу 30 минути возење со брод. Исклучително пријатно
место за релаксација, одмор или нуркање, екскурзијата ќе им се допадне на сите што сакаат да го
направат својот престој
поразличен.Островот го добил
своето име од затворот што бил изграден на него во 1893 година, но никогаш не
бил користен за намената. Голема атракција на островот се огромните желки кои се донесени од
Сејшелите од страна на шеикот Саид Маџит во дваесеттите години на 19 век. Враќање во хотелот.
·
Препорачливо е да носите водоотпорни вреќи за вашите предмети, како и
водоотпорни футроли за камери и телефони. Ве молиме, не ги допирајте или
храните желките.
Враќање во хотел.Ноќевање.
Ден 6 – 07.04.2021 (Среда)
ЗАНЗИБАР
Појадок.
Слободно време за на плажа и одмор или можност за дополнителна екскурзија -
целодневна екскурзија Blue Safari (околу 6 часа, приближно од 08:00 до 16:00
часот, со доплата - 90 евра и минимум
пријавени 10 туристи).
Целодневната
екскурзија се одвива во јужниот дел на островот. Поаѓање кон селото Фумба, од
каде ќе се качиме на дрвената рачно изработена јахта, која ќе не однесе во
заштитеното подрачје на заливот Minai. Ќе имаме можност да нуркаме, да пливаме во кристално
чистите води на океанот, ако имаме среќа да видиме делфини и да им се
восхитуваме на коралните гребени со опрема што ја може да се добие на место
(бесплатно). За време на плимата и осеката, ќе одиме во Сината лагуна скриена
во шумите со мангрова на островот Kwale. Ќе се вратиме во Фумба со традиционален рачно
изработен брод со платно.
Во
цената е вклучен ручек со безалкохолни пијалоци и пиво, како и локални
специјалитети од морска храна подготвени специјално за вас како што се риби,
лигњи, јастог, како и многу богата разновидност на егзотично овошје.
·
Препорачливо е да носите водоотпорни вреќи за вашите предмети, како и
водоотпорни футроли за камери и телефони.
Враќање
во хотелот доцна попладне околу 16:00 часот
Ноќевање.
Ден 7 – 08.04.2021 (Четврток)
ЗАНЗИБАР
Слободно
време за плажа и oдмор или полудневна прошетка до паркот Јозани (Jozani) (околу 3 часа, приближно од 09:00 до 13:00
часот, со доплата – 50 евра и минимум пријавени 10 туристи).
Сместено
на околу 35 километри југозападно од главниот град, на површина од околу 1000
хектари, ова е најголемото заштитено подрачје на островот, каде што пред години
можеле
да се видат леопарди и антилопи. Денес во паркот се наоѓа еден од најзагрозените видови на црвени мајмуни колобус. Тие се исклучително фотогенични и пријателски расположени и
ќе можете да ги видите одблизу. Друго интересно место за посета тука е шумата од мангрова.
*Ве молиме не ги допирајте или хранете животните
Ноќевање.
Ден 8 – 09.04.2021 (Петок)
ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за
плажа и одмор.
Ноќевање.
Ден 9 – 10.04.2021 (Сабота)
ЗАНЗИБАР - СОФИЈА
Појадок. Слободно време и ослободување на собите од хотелот до 12
часот.
После ручек заминување кон аеродромот за полет до Софија
во 23:20 ч.
Ден 10 – 11.04.2021
(Недела) СОФИЈА
Пристигнување во Софија во 09:40 ч.
Хотел / тип на соба
|
Пансион
|
Цена по лице во двокреветна соба
|
Еднкреветна соба
|
Трет возрасен
|
Дете
до 12 год. Сместено во соба со 2 возрасни
|
Mermaird Cove Resort 4* / Standard Room
|
All inclusive
|
1226 €
|
1465 €
|
1226 €
|
1149 €
|
Blue Bay Beach Resort 5* / Garden
Room
|
Појадок и
вечера
|
1188 €
|
1188 €
|
1268 €
|
831 €
|
Uroa Bay Beach Resort 4* / Garden View
|
All inclusive
|
1336 €
|
1472 €
|
1200 €
|
1154 €
|
Uroa Bay Beach Resort 4* / Sea View
|
All inclusive
|
1389 €
|
1541 €
|
1237 €
|
1186 €
|
VOI Kiwengwa 4* / Standard Garden Room
|
All inclusive
|
1381 €
|
1629 €
|
N/A
|
1131 €
|
My Blue Hotel 4* / Standard Room
|
All inclusive
|
1396 €
|
1649 €
|
N/A
|
N/A
|
Next Paradise Boutique Hotel 4* / Standard Room
|
Појадок и
вечера
|
1553 €
|
1889 €
|
N/A
|
N/A
|
Sandies Baobab Beach Resort 4* / Garden Room
|
All inclusive
|
1595 €
|
1889 €
|
N/A
|
881 €
|
Hotel Breezes 5* / Standard Room
|
Појадок и
вечера
|
1441 €
|
N/A.
|
1329 €
|
1161 €
|
Karafuu 4* / Garden Room
|
Појадок и
вечера
|
1335 €
|
1335 €
|
1214 €
|
931 €
|
Karafuu 4* / Garden Room
|
All inclusive
|
1556 €
|
1556 €
|
1368 €
|
931 €
|
The Residence 5* / Luxury Garden Pool Villa
|
Појадок и
вечера
|
1850 €
|
2482
€
|
2234
€
|
1802 €
|
Gold Zanzibar 5* / Deluxe Garden
|
Појадок и
вечера
|
1808 €
|
2261 €
|
1423 €
|
1094 €
|
Gold Zanzibar 5* / Deluxe Garden
|
All inclusive
|
2121 €
|
2574 €
|
1735 €
|
1247 €
|
RIU Palace Zanzibar 5* / Suite
|
All inclusive
|
1742
€
|
2201 €
|
1515 €
|
1429 €
|
Zuri Zanzibar 5* / Garden Bungalow
|
Појадок и
вечера
|
2106 €
|
1881 €
|
N/A
|
N/A
|
·
Цените
се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
Цената е дадена по лице во евра и вклучува:
• авионски билети со
вклучени аеродромски такси на релација Софија - Занзибар - Софија
• чекиран багаж до 20 кг и 7 кг рачен багаж по лице;
• трансфери
аеродром-хотел-аеродром;
• 7 ноќевања во хотел
по ваш избор на островот Занзибар;
• PCR тест по
пристигнувањето во Софија;
• состанок на лице
место од страна на претставник на партнерската компанија во Занзибар;
Цената НЕ вклучва:
• Виза за Танзанија – 50$ (се издава или претходно во Бугарија или на
аеродром при пристигнување во Занзибар); за
визата се потребни: скениран пасош во
боја. Пасошот треба да е валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање од
патувањето; пополнета анкета за виза (ви ја доставува туроператорот);
• бакшиши (задолжителен минимален бакшиш
за водичи и шофери) – 50 EUR или 55 USD по лице за целата програма (ќе бидат собрани на првиот ден од патувањето и
претставникот ќе ги раздели на локалните водичи и шофери).
• Дополнителни
екскуризии на островот Занзибар
• Лични
трошоци
• За
клиенти кои имаат Бугарски пасоши може да се издаде полиса „ Отказ на патување“, истата се издава
со доплата.
Општи услови за полисата ”Отказ на патување”, вклучително и
откажување од патување заради КОВИД-19:
• Надомест на
трошоците направени во случај на откажување на резервираното патување;
• Ако осигуреното
лице се разболи од КОВИД-19 или е во карантин поради сомневање за болест и
затоа мора да го откаже планираното патување, осигурувањето ги покрива
надоместоците за трошоците за откажување на патувањето.
• Болест на
брачен другар или близок роднина кој не патува исто така се смета за причина за
откажување на патувањето, под услов лицето да има опасна по живот состојба
поради КОВИД-19 и да има потреба од интензивна нега во болница.
Што не опфаќа осигурувањето?
• Настани кои се
предизвикани намерно или поради груба небрежност на осигуреникот;
• Обид за
самоубиство или самоубиство;
• Настани во
здравствената состојба на осигуреникот, кои се случиле или се очекува да се
појават во времето на склучување на осигурувањето или почетокот на патувањето;
• Настани што ги
претрпел осигуреникот како резултат на употреба на алкохол, наркотици, лекови или
поради одложување на пропишаната терапија;
• Настани кои се
директно или индиректно поврзани со немири, непријателства, терор од секаков
вид, природни катастрофи, влијанија врз животната средина, земјотреси;
За повеќе информации во врска со вклучените
осигурувања, ве молиме контактирајте не!
Услови за пријавување за патувањето:
- Aванс во износ од 250 еур по лице;
- Доплата на целиот износ до 01.03.2021 г. ;
- Цената е валидна при минимум 140 лица кои патуваат;
- Краен рок за отказ на патувањето од страна
на организаторот поради недоволен број на пријавени лица е 30 дена пред датумот
на заминување;
- Патувањето е без
задолжителни медицински барања за имунизација.
- Цената на патувањето се пресметува по стапка од 1 УСД = 1,65 лева. Во случај на
зголемување на девизниот курс во рамка од 5%, агенцијата го задржува правото да ги
пресмета посочените цени по девизниот курс во моментот на крајната исплата.
- Заменувањето на посочените хотели со слични од иста категорија не се
смета за значајна промена на програмата;
Цената
на летот се пресметува според следниве цени на горивата:
Софија
- 450 долари / тон, Асуан - 540 американски долари / тон, Занзибар - 1040
американски долари / т
Доколку
цената се промени за повеќе од пет процентни поени, се пресметува горивна такса која патникот треба да ја доплати
во агенцијата, а за истото ќе биде известен најдоцна до 30
дена пред поаѓањето.
Потребни
документи:
•
Меѓународен пасош со минимална важност од 6 месеци по датумот на враќање;
• За
деца под 18 години кои патуваат со или без родител, потребна е дозвола за патување заверени
на нотар од едниот или двата родители!
Патниците
имаат право еднострано да го раскинат договорот во кое било време пред
почетокот на туристичкиот пакет, по плаќањето на соодветните износи во
согласност со условите за откажувања и казни.
Рокови за откажувања и казни:
• До 51 ден пред датумот на поаѓање - не се наплатуваат пенали;
•
Помеѓу 50-ти и 31-ви ден пред датумот на поаѓање, се задржува износот на уплатениот депозит;
• Од 30 и помалку денови пред
датумот на поаѓање, се наплаќа 100% од износот
на резервацијата
Во
случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување, за време на
неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на
негова сметка.
Патување
за лица со намалена подвижност: Патувањето генерално НЕ е погодно за лица со
намалена подвижност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ
ЕКСКУРЗИИ НА ЗАЗАЗИБАРСКИОТ ОСТРОВ
• пријавувањето и наплатата на дополнителни едкскурзии се
прави при резервирање на пакетот или најдоцна до 30 дена пред поаѓање;
•
водичот од туроператорот ја
придружува групата за време на екскурзиите и помага при преводот;
Овој аранжман не е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и неможе да се користат COVID-19 ваучерите.