КРИТ
ЛЕТО 2021
Индивидуална Програма со
лет од Солун (4 и 7 ноќевања) во
јули, август и септември со цени од 169 евра по
лице
Ако барате идеално место за одмор, каде што на едно место се споени
прекрасна природа, зеленило, плажи со бел песок и прозирна тиркизна вода,
пријатна клима, но и живописни градови, скриени села и забавни содржини, Крит е
како создаден за вас и долгоочекуваното лето 2021 година.
Крит е престижна туристичка дестинација, остров кој е горд на убавината на
Хераклион, магијата на Ханија, ренесансната приказна за Ретимно, мирот на
заливот Мирабело ... Остров со нереална убавина, богато наследство и интересни
луѓе. Крит е повеќе од фасцинантна комбинација од минатото и сегашноста,
местото на раѓањето на Зевс, центар на минојската култура ... Денес тој е
престижна туристичка дестинација со космополитска ориентација и невидливи
посебности заради кои се враќаат сите оние што еднаш го посетиле.
Крит е петти по големина остров на Медитеранот, најјужен, најголем и по
многу нешта најважен грчки остров. Уникатен по разновидноста на природните
убавини и богатството со траги од минатото, што го прави вистински претставник
на убавините на Медитеранот. Сместен е на раскрсницата на три континенти:
Европа, Азија и Африка и поради својата географска положба се смета за еден од
најтоплите острови во Европа. Покрај богатите траги од минатото, посебна
карактеристика на овој остров е должината на крајбрежјето од 1046 км со многу
заливи и 'ртови, како и долгите песочни плажи, од кои 61 ги исполнуваат
стандардите на Европското сино знаме за чистота на водата. Кога станува збор за
плажите, ги има над 600, а меѓу нив се и некои од најубавите во Грција и
Медитеранот, со бел, златен, дури и розов песок, ситни камчиња, скриени заливи
и долги уредени плажи, како и плажи со природна сенка., плажи под палми.
Островот на север го заплискуваат водите на Критско Море, а на југ Либиското
Море.
Туристичките места Амудара и Кокини Хани се наоѓаат во близина на главниот
град Хераклион. Херсонисос и Малja се познати по бурниот ноќен живот и долгите
песочни плажи, додека Сталидаи и Агиос Николаос се фамилијарни места со
прекрасни песочни плажи.
Ханија (Chania) е едно од најживописните места на островот, на коe трагите
од минатото му даваат посебен шарм. До 1972 година, Ханија била главен град на
Крит. Денес, тој е втор по големина, главен град на истоимената област и
најголем град во западен Крит, со околу 60.000 жители. Оддалечен е 14 км од
аеродромот во Акротири. Прошетката низ стариот,
средновековен дел од градот со продавници за сувенири и таверни на
отворено од кои допираат звуците на бузуки, како и новиот дел од градот со
големо пристаниште, венецијанскиот светилник, џамија и куќи од венецијанскиот и
турскиот период, е патување низ историјата на Крит. На само 10 км од Ханија се
наоѓаат туристичките места Каламаки, после него се лоцирани Агиа Марина и Платањас каде сè е подредено на
летото, сонцето и морето, а се карактеризираат со долга песочна плажа, хотелски
комплекси и модерни ноќни клубови.
Ретимно е трет по големина град на Крит, по Хераклион и Ханија. Но, тој е
сосема различен од овие два града. Ретимно го комбинира шармот на стариот град
со прекрасна долга песочна плажа. Овој град задржал многу работи и од Турците и
од Венецијанците кои престојувале овде, поради што зрачи со некоја романтика.
За овој град може да се каже дека е еден од најдобро очуваните средновековни
градови. Венецијанските утврдувања романтично се мешаат со православните и
католичките цркви, џамиите, величествените замоци со венецијанска архитектура,
калдрмените патеки што создаваат волшебна атмосфера и потсетуваат на бурното
минато на овој град.
Понудата за одмор на овој остров е богата како и самиот Крит, кој е горд на
убавината на главниот град Хераклион, несекојдневната архитектура на Ханија,
ренесансните знаменитости на гратчето Ретимно и мирот на заливот Мирабело, чиј
е украс е Агиос Николаос .. Не заборавајте дека на Крит уживале грчките богови.
Следете ја нивната мудрост. Бреговите на Егејот ве очекуваат. Ние ви нудиме
бројни хотели од различни категории, но и со комфор кој може да ги задоволи
барањата на гостите со различна чувствителност.
Украс на песочната плажа Ваи, во областа Ласити, е шума од палмини дрва што
достигнува до морето. Островчето Елафониси, на 78 километри од Ханија, е мал
рај. Го промовираат како остров на тишината, изобилство на бои и светлина,
живописни песочни дини со чисто море и плажа полна со кедри и лилјани ...
Уште една плажа е обележје на Крит. Во рибарското село Матала, на Либиско
Море, има плажа со камчиња, позната како центар на хипи-туризам ...
Најатрактивните летни одморалишта кои со задоволство Ви ги нудиме оваа
година се: Агиос Николаос, Херсонисос, регионот околу градот Хераклион,
Ретимно, Ханија.
Откријте ги сите
убавини на Крит ова лето. Крит нуди сè што ви треба за добар одмор: историја,
археолошки наоѓалишта, бујна природа, божествени плажи, прекрасни планини итн.
Без разлика дали сакате да уживате во целиот одмор на плажа или да поминете
активен одмор, Крит ви ги нуди сите можности. Затоа, не размислувајте многу и
веќе ова лето освојте го Крит.
Пакетната цена вклучува:
· Авионски билет Солун – Крит - Солун со вклучени аеродромски такси со
авио компанијата Ryanair
· Парче кабински багаж до 7 кг. со
големина 56/45/25 см во авионот;
·
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
· Хотелско сместување на соодветниот пансион
Пакетната цена НЕ вклучува:
·
Дополнителни (Факултативни) екскурзии;
·
Лични трошоци
·
Негативен PCR тест за Ковид 19 (72 часа пред лет)
·
Патничко осигурување (Ве молиме проверете осигурувањето кое го
имате или ќе го купите дали покрива ризици од COVID-19)
Напомени
и услови за отказ на резервација:
Дадените
цени се за индивидуално патување и истите се променлива во зависност од
слободни места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
За поголем избор на хотели и дополнителни информации и термини , контактирајте не на броевите :
☎ +389 79 300 300 и ☎ +389 79 300 333
📲 мобилен и Viber: 075 253 212
📲 мобилен и Viber: 077 933 433
📲 мобилен и Viber: 070 349 521
Официјално обавестување за влез во Грција
На 9 март 2021 г. грчкиот министер за туризам најави започнување на летната сезона на 14 мај 2021 г.
Можностите за влез во земјата ке бидат три:
1. Сертификат за вакцина против COVID-19 (се издава по примањето на втората доза од вакцината)
2. Сертификат за имање на антитела против COVID-19
3. Негативен PCR тест, направен до 72 часа пред патувањето
Покрај тоа , министерот изјавил дека сите здравствени потреби, вклучително и хоспитализација, поврзани со Ковид-19, ќе бидат обезбедени од страна на државата без никаков трошок за туристите, исто како и минатата година.