Premium Beach 5* – Голем – Драч
(2 ноќевања)
Прв ден: (четврток)
Состанок на групата во вечерните часови на дрводекор (организиран бесплатен трансфер од Битола, Прилеп и Велес). Тргнување за Драч, транзит преку Косово.
Втор ден: (петок)
Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Сместување во соби (check in во 14ч). Слободен ден за индивидуални активности и користење на спа центарот. Ручек. Вечера. Ноќевање.
Трет ден: (сабота)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и користење на спа центарот. Ручек. Вечера. Ноќевање.
Четврти ден: (недела)
Појадок. Слободно време за користење на спа центарот. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА 139ЕУР ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ
ЦЕНА ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ 105ЕУР ПО ЛИЦЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Premium Beach 5* на база 2 полни пансиони (појадок, ручек и вечера) во двокреветни соби
– Користење на СПА центарот на хотелот
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Индивидуални трошоци
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
– Доплата за single соба 75%
Услови за деца:
– дете до 1.99 – бесплатно (не користи седиште)
– дете од 1.99 до 5.99 – плаќа 30 евра
– дете од 5.99 до 11.99 плаќа 50% од аранжманот
Условите за деца важат исклучиво со 2ца возрасни во соба.
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.