Краток опис
Хотелот е лоциран на брегот на Црвеното Mоре и нуди пристап до приватна плажа и до меѓународен нуркачки центар. Бидејќи областа е добро позната по своите нуркачки капацитети и школи за нуркање, не треба да ја пропуштите оваа одлична можност сами да нуркате. Има 3 базени, 3 ресторани, фитнес и спа центар. На помалку од 10 километри се наоѓа меѓународниот аеродром Хургада.
Локација
Хотелот е оддалечен 13 км од аеродромот во Хургада.
Концепт за исхрана
Гостите имаат избор од три ресторани кои служат италијанска, ориентална и интернационална кујна. Хотелот располага и со 2 паба и 4 барови вклучувајки бар на базен и бар на сама плажа.
Спорт и рекреација
Хотелот располага и со огромни капацитети за рекреација вклучително и прекрасни тениски терени, терени за одбојка на плажа, стрелаштво, јавање на коњи и фудбалски терени. Хотелот има и аква парк составен од 8 делови и детска зона за играње прилагодени и за мали деца.
Сместување
Сите соби се климатизирани, опремени се со минибар и сателитска ТВ. Секоја соба има балкон или тераса со поглед на градина, базен или поглед на море.
Band Text
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.
Health Care
Исто така хотелот располага и со Спа центар каде гостите може да се релаксираат со масажа или третман за убавина.
За хотелот:
ВАЖНО! Општи напомени и предупредувања (кликнете за повеќе информации!)
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд