Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Мапа

Studio - Appartmani LARA S Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Ценовник
  • Галерија
  • Информации за хотелот

Studio - Appartmani LARA S Слики и Видеа

Краток опис
ЛАРА - С е новоизграден објект со 3*, по меѓународните стандарди. Модерно опремени и удобни, студио-апартманите пружаат конфор и удобност на туристите. Во склоп на објектот е рецепцијата, како и модерно опремен ресторан, каде во пријатен амбиент ве очекува квалитетна услуга со домашна храна, од љубезен и насмеан персонал. 
Добра Вода се наоѓа на 8км од Бар, а песочната плажа Велики Пјесак, поради чистотата на водата, припаѓа во I категорија на плажи. Местото ќе ви пружи поглед кон незаборавно зајдисонце, по кое е и посебно познато. Добра Вода уште се нарекува и воздушна бања, поради вкрстувањето на различните ветрови кои дуваат од планината и морето, и се посебно погодни за лица кои боледуваат од астма, бронхит, и други респираторни болести. 
Плажата " Велики Пјесак " е доста посетена, и покрај неа се наоѓаат голем број на ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини маркети. Плажата секојдневно ја посетуваат туристички бродчиња со кои може да ги обиколите и подалечните плажи на црногорското приморје, како и островите. 

Услови за деца

Попусти и доплати:

- Деца до 2 год имаат бесплатно сместување ( без кревет и исхрана )

- Деца 2-10 год на заеднички кревет-имаат попуст 50% , а на посебен кревет плаќаат 70%

- Дете до 12 год со еден возрасен во студио 1/2 , плаќа 80% од цената за возрасен

Забелешки
Напомена Covid-19:
Почитувани клиенти, би сакале да ве информираме дека поради Covid-19 пандемијата, постои можност на дестинацијата на која патувате да се применуваат посебни правила, а поради вашата лична безбедност кои ги предвидела Владата на земјата во која се наоѓате. Овие правила можат да се однесуваат и на сместувачката единица во која се наоѓате, на нејзиниот начин на опремување на кујната во студијата и апартманите, начинот на замена на постелнина, крпи, понуди за храна и пијалоци.
Поради состојбата со  корона вирусот, овој објект презема мерки за заштита на здравјето на гостите и вработените. Затоа, одредени услуги и содржини можеби не се достапни во целост или воопшто.
Ви благодариме за вашето разбирање.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Дополнителни информации

Задолжителна доплата на туристичка такса – СЕ ПЛАЌА на лице место, во сместувачкиот објект :
-Деца до 12 год-0,50€;  од 12-18 год -1.00€; возрасни 1.50€ на ден.

*Сместување во собите од 12:00 часот, а напуштање последниот ден-најдоцна до 09:00 часот.

* Паркинг може да се изнајми на лице место.

Сместување

Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студио-апартмани. Секој од апартманите има сопствена  бања, тераса, комплетно опремена мини кујна со фрижидер, клима, сателитска ТВ, Wi-Fi и најголемиот дел имаат поглед кон море.

Пансион

Полупансион. Оброците се избор од повеќе јадења- изборот се врши со анкета-од денес за утре

За хотелот:
Студио Апартмани Lara S  се наоѓаат на 130м од плажата Велики Песјак во Добре Воде. Хотелот поседува 1/2, 1/3, 1/4 студиа -апартмани, рецепција, лифт, ресторан од затворен тип.    

Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.