Од спортски активности во хотелот има програми на вода, пливање, фитнес и рекреација во базенот и игралиштата.
Хотелот во својот сместувачки капацитет располага со 84 соби од кои 1 апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски кревет, 64 двокреветни соби и 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ со кабловска телевизија, телефон, интернет, бања, минибар и услуга во соба.
Исто така има и сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.
Хотелот Аквалина се наоѓа во туристичката населба Свети Стефан на 6км оддалеченост од центарот на градот, на регионалниот пат Охрид - Св. Наум.
Хотелскиот комплекс се наоѓа на брегот на Охридското езеро, опкружен со површина од чиста вода на езерото од една страна и бескрајна зелена шума на националниот парк Галичица од друга страна.
Оваа локација Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.