Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Мапа
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.

Alf Leila We Leila Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Галерија
  • Информации за хотелот

Alf Leila We Leila Слики и Видеа

Краток опис
Хотелот е отворен во 2000 година и последен пат е реновиран во 2010 година. Се состои од двокатна главна зграда и двокатна анекс зграда и нуди повеќе од 500 сместувачки единици. Комбинацијата на арапска архитектура, египетската добрина и врвната услуга го прават овој хотел добар избор за сите љубители на Ориентот. Нуди неколку базени, ресторани и барови.

За деца има детски клуб (4-12 години), игралиште, два базени, тобогани за деца на возраст од 4-10 години.
Плажа
Хотелот се наоѓа зад хотелот Dana Beach Resort, околу 900m од плажата до која има редовен шатл-бус. Еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е убаво уредена област за капење со плитка вода. Употребата на чадори за сонце и лежалки е бесплатно.
Локација
Сместен е во јужниот дел на Хургада, на околу 12 км од аеродромот.
Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, бранч, ручек, вечера, доцна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува закуски, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Покрај главниот, гостите имаат на располагање и неколку ресторани - L ’Asiatique (азиски ресторан), La Casa (италијански ресторан), Tagine (ориентален ресторан). Хотелот исто така нуди неколку барови - La Maison Arab, Tamraya Cafe, Oasis Bar, Aladdin Bar, Jazz Bar, Columbus Cafe, La Veranda Bar, Il Gelato (сладолед), Beach Bar (на плажа кај Dana Beach Resort), Food Court Club MC (закуски).

Со доплата: a la carte ресторани, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, наргиле.

Хотелот го задржува правото да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).
Спорт и рекреација
Хотелот нуди 7 базени - пет базени за возрасни, од кои 3 имаат дел за деца и два базени за деца (три базени се загреваат во текот на зимската сезона), 6 тобогани за деца, ватерполо, аеробик, куглање, одбојка на плажа, фудбалско игралиште, два тениски терени, пинг-понг, мини голф, теретана, дневна и ноќна анимација, Wi-Fi интернет е бесплатен на јавни места.

Се плаќа: спортови на вода, билјард, осветлување на терен и опрема за тенис.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Дополнителни информации
Услуга за перење и пеглање, продавници, лимузина, лекар.
Сместување
Хотелот има вкупно 548 сместувачки единици, сите имаат клима уред, SAT LCD TV, сеф, балкон / тераса, мини бар, фен за коса. Можат да имаат поглед на градината или базените. Стандардните соби се со големина од околу 32м2, додека фамилијарните се со големина од околу 50м2.

Со доплата: телефон, услуга во соба.
Band Text
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Масажи, сауна, парна бања, марокански амам, турска бања, салон за убавина.
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.