Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Мапа
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.

Albatros Palace Resort Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Галерија
  • Информации за хотелот

Albatros Palace Resort Слики и Видеа

Краток опис
Хотелот е отворен во 2008 година и делумно реновиран во 2018-2019 година. Зафаќа површина од околу 72.000 м2 и нуди 621 сместувачка единица. Комплексот се карактеризира со ориентална архитектура, квалитетна услуга и добра содржина. Гостите имаат на располагање неколку базени, ресторани и барови и голем избор на спортски активности.

За деца има детски базен со тобогани, детски клуб (4-12 години), игралиште и детско мени во главниот ресторан.
Плажа
На плажата има мал дел со корален гребен до кој води понтонот, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е прекрасна област за капење со плитка вода. Чадори, лежалки и пешкири на плажа се вклучени во цената. Крпи се добиваат со картичка (губење на картичката ќе ја наплати хотелот).
Локација
Оддалечен е околу 12 км од аеродромот и шеталиштето Мемша, на околу 17 км од Сакала.
Концепт за исхрана
Хотелот има неколку a la carte ресторани - Tagine, L’Asiatique, Il Caminetto, Mediterranean, Salsa Mexican и Zum Kaiser. Гостите исто така имаат на располагање барови - Oriental Palace Bar, Le Pasha Bar & Disco, Pool Bar, Splash Beach Bar, Cafe Mocambo, Columbus Cafe, Terrace Bar и Anfandena Shisha Corner. Концептот вклучува сладолед, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се доплаќа: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци после полноќ, наргиле, сè друго надвор од концептот.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).
Спорт и рекреација
Хотелот има 3 отворени базени за возрасни и детски базен со 5 тобогани за помали деца, како и базен со 5 џакузи. Во текот на зимата се загреваат еден базен за возрасни и еден базен за деца (што варира во зависност од временските услови и капацитетот на хотелот), 2 тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, мини-фудбал, мини-голф, ватерполо, аеробик, бочање, пикадо, вечерни анимации, Wi-Fi интернет на јавни места (со ограничена брзина и број на корисници). Гостите на хотелот Albatros Palace исто така можат да ги користат и двата тобогани за возрасни во оквир на хотелот Beach Albatros кој се наоѓа веднаш до него.

Се плаќа: осветлување на тениско игралиште и опрема за тенис, билјард, видео игри, спортови на вода и други вон концепт.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Сместување
Хотелот има вкупно 621 соби (593 стандардни, 20 семејни и 8 апартмани) и сите имаат балкон или тераса, фен за коса, сателитска ТВ, клима уред, мини бар, сеф, кетлер.
Стандардните соби се со големина од околу 36м2.
Се плаќа: телефон, услуга во соба.
Band Text
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.
General Warning

 Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Во оквир на спа центарот гостите можат да ја користат теретаната бесплатно.

Се плаќа: сауна, парна бања, џакузи, масажи и други третмани.
Пансион
Услугата во хотелот е All Inclusive - ран појадок, појадок, бранч, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења, според правилата на хотелот).
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.