ПРВ ДЕН- Скопје – Сараево (22.10.2020)
Авантурата започнува на паркингот пред Вип Хотел во 20:00 часот. По сместувањето во автобус, групата се упатува кон Босна и Херцеговина. Патувањето е во текот на ноќта, со попатни застанувања. Истото се реализира преку Република Србија.
ВТОР ДЕН- Сараево – ( 23.10.2020 )
Пристигнување во раните утринки часови во Сараево и одење према хотел.
Патниците добиваат време за одмор предводено со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето е во хотел со 3*. Влегување во собите е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да ја променат гардеробата во просториите на хотелот, кадешто воедно се оставаат куферите.По кратка пауза се упатуваме на разглед во Сараево со локален водич. По разгледот групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки околу 3 часа. Во вечерните часови се враќа групата во хотел. Ноќевање
TРЕТ ДЕН- Тунелот на надежта - Посета на бункерот на Тито – Јабланица – Мостар - Сараево ( 24.10.2020 )
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија. Првото место за посета групата оди во тунелот на надежта . Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата на Тунелот групата го посетува бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњиц со локален водич. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица слободно време околу 40 минути за кафе и можност кој сака да го посети музејот “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “. Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост кој е симбол на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански “чевапи”.
Враќање во хотел. Пауза од 1 час и заминување на факултативна ноќна прошетка во Сараево со посета на најстарата пивница. Во Сараево слободно време до 12:00ч а пoтоа враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТ ДЕН- Сараево-– Вишеград – Скопје (25.10.2020)
По појадокот во хотел се упатуваме кон Вишеград. Вишеград е првиот град после граничен прелаз од Република Српска и самото име кажува дека етимилошки потекнува од неговата местоположба Најзначајно обележје во овој град е мостот на Дрина или на Дрини Чуприја, изграден по наредба од мехмед паша соколовиќ кој бил земен како данок во крв на 15-16 годишна возраст. Тој мост порано бил дрвен мост а е овој каменито изграден и тоа изграден од малтер на јајца. Кожји влакна и прашина ( така викаат легендите )
Се верува дека архитектот на мостот, нон стоп му се срушувал и некој хоџа му рекол дека треба да соѕидаат близнаци машко и женско и после неколку недели архитектот ги наоѓа Стоја и Остоја и ги соѕидова оставајки на средниот носач празна тула да мајката можи да ги дои своите деца. Нобеловецот Иво Андриќ ја добива нобеловата награда за делото мостот на Дрина и во Вишеград гради, Библиотеки, училишта уложува во местото. Ноќно возење и пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 26.10.2020
Што е вклучено во цената
– Автобуски превоз на релација Скопје – Сараево – Вишеград – Скопје
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
– Организиран трансфер Битола, Прилел и Кавадарци
– Разглед на Сараево со локален водич
– Придружник од агенција
– Посета на Вишеград со посета на Андричград ( Градот на Иво Андриќ )
Што не е вклучено во цената
– Босанскиот пакет – 55 евра по лице ( Се плаќа во автобус а се резервира во агенција )
Станува збор за целодневна прошетка, резервацијата се прави во агенција од причина што е потребна за пред. Резервацација за посета во локалитетите, пакетот се плаќа во автобус
Во Босанскиот пакет влегува (Посета на тунелот на надежта со локален водич, посета на бункерот на Тито во местото Коњиц со локален водич, посета на Јабланица и градот Мостар разглед со локален водич)
– Задолжителна доплата од 2е по лице за туристичка такса ( Се плаќа во автобус )
– Крстарење по Дрина во Вишеград – /
– Ноќна посета на Сараево со посета на најстарата пивница- 5е ( Се плаќа во автобус )
– Доплата за трансфер од Кочани и Штип (500 денари во два правци од лице)