ДУБАИ - LAST MINUTE
6 дена / 5 ноќи со вклучен појадок.
Претставник од Бугарија
за време на целиот престој во Дубаи.
Пролет
2021 година - 17.01
Датум: 17.01.2020 година
Вклучена панорамска
обиколка на Дубаи со водич на бугарски јазик
Познат по своите песоци, сонце и
Арапско гостопримство, некогаш бил мал рибарски град, посетуван од персиските
трговци и во него биле сместени бедуинските рибари и ловци на бисери.
Денес, џамиите и кулите на Стариот
Дубаи се рефлектираат во новите сјајни облакодери.
Потопете се со нас во ЗЛАТНИОТ БЛЕСОК
И ПУСТИНСКИОТ ШАРМ
Ден 1
Средба на аеродромот во Софија/ Терминал 2/ во 11:30 ч. Лет
за Дубаи во 14:10 ч. со авиокомпанијата Fly Dubai. Пристигнување на аеродромот „Dubai International Airport” во 20:55
ч. Трансфер и сместување во избраниот хотел. Ноќевање.
Ден 2
Појадок. Целодневна тура со разглед на
Дубаи со водич на бугарски јазик.
Денес ќе дознаете за историјата,
културата, најголемите проекти во светот, како и да видите некои од
најинтересните знаменитости на Дубаи.
Нашата турнеја ќе започне од стариот
дел на градот наречен Деира, за да ја почувствуваме аромата и бојата на
арапскиот свет. Ќе го поминеме каналот Дубаи со традиционално водно такси -
Абра, за да се најдеме во лавиринтот на мали улички со трговци кои ве
покануваат да купите урми, парфеми и сè што ве привлекува.
Потоа арапската приказна полека ќе ве однесе во новиот дел на
Дубаи, каде ќе најдете серија архитектонски фантазии претворени во реалност -
интересен контраст помеѓу почитуваните стари традиции и ултрамодерен луксуз и
многу цвеќиња во срцето на пустината. Ќе застанеме за фотопауза пред 7-ѕвездениот хотел Burj al
Arab, како и Madinat Jumeirah или
како што го нарекуваат „Арапската
Венеција”. Нашата следна дестинација е хотелот Атлантис на вештачкиот остров The Palm Jumeirah.
Ќе застанеме на фото пауза на
прекрасниот брег „The Pointe“, од каде се открива
најубавиот поглед на величествениот и луксузен хотел „Atlantis The Palm“.
Ќе продолжиме кон новиот гламурозен кварт Dubai Marina и
ќе застанеме на фото-пауза
покрај извонредниот спирален облакодер
Infinity Tower кој има уникатна архитектура инспирирана од човечката DNK. Секој
негов кат е поместен за нешто повеќе од 1 степен за да се произведе целосна
спирала од 90 степени.
Нашата турнеја ќе заврши со обиколка
на Дубаи Мол, најголемиот светски трговски центар, дел од комплексот Burj Khalifa. За да
стигнеме до него, ќе го поминеме патот Шеик Зајед Роад, наречен уште „Булевар
на облакодерите“. Ќе видите некои од највисоките згради во светот, како и
единствениот мол со најголемата ски писта на затворено во
Арапскиот свет - Mall of
the Emirates.
За време на нашата прошетка во Дубаи
Мол ќе видите некои од неговите најголеми обележја, како што се огромната карпа
на аквариумот Дубаи, најголемото лизгалиште, карпата на нуркачите итн.
Слободно време за ручек или посета на
палубата за набудување во највисоката зграда во светот - Burj Khalifa.
Факултативно
и со доплата може да се купи билет до палубата за набудување на Burj
Khalifa „At
the top” ( 128-и кат).
- Цена 55 ЕУР за возрасни / деца
Исклучително е чувството да се искачите
за 124 секунди до 124-от кат на врвот од највисоката конструкција некогаш
изградена. Со своите 828 метри и 206 спрата, од кои последниот на 626 метри,
кулата на Калифа, како што во превод од арапски значи Burj Khalifa, го држи
рекордот „нај“ за достигнувања во повеќе од 14 категории. Во својата највисока
точка, кулата се лула хоризонтално, правејќи осцилации долги 1,5 метри.
Ден 3
Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за
факултативна екскурзија.
Наутро
од 09:00 ч: Факултативна екскурзија – Магијата на пазарите на отворено на Истокот, со ручек во
локален ресторан. Цена – 40 EUR (деца до 12 г. – 35 EUR)
Патувањето
го започнуваме со преминување на другата страна на Dubai Creek, природниот воден пат што го дели градот на два
дела - Деира и Бур Дубаи. Интересно доживување да пловите за кратко со
традиционалното водно такси наречено „абра“. Прошетката продолжува со пазарот
на зачини, парфеми и популарниот „Златен пазар“. Овде ќе најдете разнобојна
мешавина од зачини, изобилство ореви, слатки арапски ароми и златарски
работилници кои ќе ве остават без зборови со раскошен накит и нивната вешта
изработка. На крајот од прошетката ќе посетите продавница каде што можете да
изберете и да купите разни сувенири, а потоа можете да очекувате богат ручек во локален ресторан.
Корисни информации за екскурзијата: Ручек на шведска маса со голем избор на
специјалитети (еден безалкохолен пијалок вклучен во цената). Претежно пешачка
тура. Времетраење околу 5 часа.
Навечер
од 18:00 ч.: Посета
на парк со активности/Global Village/
Цена:
возрасни 40 EUR (мин. 10 лица) (деца до 12 г. – 25 EUR)
Комплексот е место за забава како за деца, така и за возрасни. Се
одликува со многу атракции, концертни сцени, ресторани, забавен парк, зелени
површини и 30 палати, кои претставуваат 75 земји, каде што можете да купите
оригинални производи од целиот свет - природни масла од Африка, фурми од
Саудиска Арабија, памучна облека од Египет, кожени производи од Авганистан и
многу други. Времетраење: околу 5 часа.
Екскурзијата вклучува: превоз од / до хотел, влез во селото, водич на бугарски
јазик.
Екскурзијата не вклучува: храна и пијалоци, билети за атракциите во забавниот парк на
селото.
Ден 4
Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за
екскурзија.
Наутро од 09:30ч.: Целодневна туристичка екскурзија на
Абу Даби со вклучена посета на Претседателската палата „Qasr Al Watan”/Цена – 65 ЕУР (деца до 12 год. -55 ЕУР)/ под услов
Емиратот да е отворен за посети/.екскурзијата е вклучена во
пакетната цена/.
Само
пред 80 години Абу Даби не било многу повеќе од рибарско пристаниште на еден остров во
непосредна близина на копното, познато по ловците на бисери. Денес
Абу Даби - главниот град на Обединетите Арапски Емирати, зграпчува со лежерната волшебност
на белиот песок, тиркизни води, подреденоста, и, повторно со брилијантните архитектонски достигнувања
Уште
при влегување во градот ќе останете занемени од величественоста на белата
џамија Шеик Зајед. Ќе имате можност да ја посетите и да го искусите прекрасното
чувство на ширина, простор и бел спокој. Потоа ќе се упатиме кон
Претседателската палата „Qasr Al Watan”. Најновата и уникатна знаменитост во
Обединетеите Арапски Емирати.
Палата исполнета со знаење, што му нуди на светот поглед
на арапското наследство и владејачките принципи што ја обликуваат историјата
на Обединетите Арапски Емирати и нејзината визија за иднината. „Qasr Al Watan“ е
повеќе од палата, тоа е збогатувачко патување во модерен амбиент што открива и
ги рефлектира управувањето, знаењето и мајсторството. Палатата ви нуди
единствена можност да се восхитувате на величествените ходници, што сигурно ќе
ве остави без здив од архитектонската екстраваганција, што го покажува богатото
арапско наследство на регионот. Ќе дознаете повеќе за владетелите и управните
институции кои ја обликуваат оваа голема нација. Кратка пауза за ручек или шопинг во Марина Мол Абу Даби. Ќе го видите и
импозантниот хотел /Emirates
Palace/ (фото-стоп однадвор),
изграден во типичен арапски стил со архитектура што
потсетува на палата од бајките.
Во
попладневните часови ќе го посетиме островот Јас / Yas Island /
- познат по Гран-при патеката на Формула 1 (посетата на патеката не е вклучена)
и продавниците на компанијата од забавниот парк Ferrari World.
Кратко слободно време за прошетка во Јас Мол / Yas Mall/.
Забелешка: во случај на промена на времето за посета на џамијата,
програмата може да се одржи по обратен редослед во однос на разгледувањето на
знаменитостите.
Корисни
информации за екскурзијата: Патувањето
е целодневно и се спроведува со водич на бугарски јазик. Патувањето од Дубаи до
Абу Даби е околу 90 минути. За време на посетата на џамијата Шеик Зајед, има
кодекс на облекување за мажи и жени. Ве молиме обрнете внимание на упатствата
што ќе Ви бидат дадени пред поаѓање.
Ден 5
Појадок. Слободно време за плажа и одмор или можност за
факултативна екскурзија.
Целодневна екскурзија: Градините на Дубаи /Miracle Garden/. Цена - 40 EUR (мин. 15 лица)
(деца до 12 г. – 35 EUR) .
Ќе уживате во најголемите вертикални и хоризонтални градини во
светот со околу 45 милиони цвеќиња расположени на површина од 72km2. Некои од
растенијата засадени во градината на Дубаи никогаш порано не биле одгледувани
во регионот на Персискиот залив, од кои најпопуларни се петунија и невен.
Интересно, цвеќињата се засадени така што
образуваат различни форми. Некои од нив прикажуваат срца, ѕвезди, разни видови
кругови, а има и поголеми фигури како пирамиди, ретро автомобили, мостови,
заоблени патеки, шарени чадори и многу други / престој во градините околу 1:30
час /.
Екскурзијата продолжува со
комплексот Madinat Jumeirah, лоциран недалеку од Бурџ Ал Араб и опишан како
најзеленото и најегзотичното место во Дубаи. Покриениот дел од пазарот е
вистински лавиринт на мали улици, каде се наоѓате како во бајка. Бујна зелена вегетација
и вода што ве опкружува од секаде, и која лебди и мрзливо минува низ десетици
ресторани, игралишта, летни театри и оди далеку, далеку во комплексот, каде има
неколку супер скапи и луксузни хотели, најпомпезниот меќу нив е самиот Бурџ Ал
Араб.
Попладне од 15:00 ч.: Факултативна екскурзија - Џип сафари
во пустината. Цена – 60 EUR (деца до 12 г. – 45 EUR)
Оваа екскурзија е бисер во круната на возбудливите авантури во
Дубаи. Ова off road искуство, дивото возење
по црвените песочни дини ќе Ви пружи
неописливо задоволство. Срамежливото зајдисонце ќе додаде мека светлина и
романса, а пустинскиот пејсаж ќе Ве покани да навлегувате се подлабоко во
срцето на пустината. Ќе застанете меѓу црвените дини за да го пробате вкусот на
арапско кафе и гостопримството на странецот.
По зајдисонцето, ќе пристигнете во бедиунски камп, каде ќе се служи вечера на
отворено. Тука ќе можате да ги обоите Вашите раце со кана, да пушите наргиле,
да возите или само да се сликаат со камила - сето тоа со позадина на арапска
музика и стомачен
танц.
Корисни информации за екскурзијата: Почеток на патувањето: 15:00 часот. Времетраење: околу 5
часа. Сафари џиповите ќе Ве земат од Вашиот
хотел. Патувањето не е погодно за бремени жени. За деца до 6 години, сафари е
одговорност на родителите и е дозволено по потпишување документ за согласност.
За Ваша удобност, облечете лесна надворешна облека и носете шал.
Ден 6
Појадок.
Напуштање на хотелот околу 06:30 часот. Трансфер до меѓународниот
аеродром во Дубаи „Dubai International Airport” за лет до Софиja вo
09:40ч. Пристигнување на аеродромот во Софија во 13:25 часот.
ПАКЕТНИ ЦЕНИ
ДАТУМИ: 17.01 – 22.01
Хотел
|
Возрасен во двокреветна
соба
|
Единечна соба
|
Доп. легло
|
1‘во и 2‘ро дете со двајца возрасни
|
1‘во и 2‘ро дете со двајца возрасни
|
до 5.99г
|
06 - 11.99г
|
4* Flora Al Barsha
ВВ
|
€ 499
|
€ 636
|
На
барање
|
На
барање
|
На
барање
|
4+* Riu Dubai
24 ч. All Inclusive
|
€ 850
|
€ 1 032
|
€ 788
|
€ 466
|
€ 723
|
Пакетната цена вклучува:
·
Авионски билет Софија – Дубаи - Софија со вклучени аеродромски
такси со авио компанијата Fly Dubai;
·
Едно парче кабински багаж до 7 кг. со големина 56/45/25 см во авионот;
·
Чекиран багаж 20 кг;
·
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
·
5 ноќевања во избраниот хотел на соодветен пансион;
·
Целодневна тура со разглед на Дубаи со водич на бугарски јазик;
·
Претставник од Бугарија за време на целиот престој во Дубаи;
·
Услуга на бугарски јазик за време на екскурзии во Дубаи од страна
на професионални, лиценцирани водичи;
Пакетната цена не вклучува:
• Кетеринг во авионот;
• Дополнителни (Факултативни) екскурзии;
• лични трошоци;
• PCR тест при заминување од Бугарија;
•Патничко осигурување
(Ве молиме проверете дали осигурувањето кое го имате или ќе го купите покрива ризици од
COVID-19)
•Такса „Туристички Дирхам“ во Дубаи –
се плаќа задолжително и лично од туристот при влез во хотелот и
се наплаќа по соба од вечер по:
Риу Дубаи 4 * - 15
дирами (околу 4 евра)
Флора Ал Барша 4* -
15 дирами (околу 4 евра)
Дополнителни екскурзии
|
Име на екскурзијата
|
Цена на возрасен
|
Цена за дете до 12 год.
|
Времетраење
|
Магијата на
откриените пазари
на Истокот со ручек во локален ресторан.
|
40 EUR
|
35 EUR
|
͌ 5 часа
|
Бурж Калифа и Дубаи Мол
|
55 EUR
|
͌ 5 часа
|
Џип сафари во пустина со вклучена вечера
|
60 EUR
|
45 EUR
|
͌ 6 часа
|
Крстарење и вечера на традиционалниот арапски брод Доу / арапска
галија /
|
65 EUR
|
55 EUR
|
͌ 5 часа
|
Глобал Вилиџ
|
40 EUR
|
25 EUR
|
͌ 5 часа
|
Градините на Дубаи
|
40 EUR
|
35 EUR
|
͌ 3 часа
|
Услови за резервација:
§ Меѓународен
пасош валиден 6 месеца после последниот датум на патувањето.
§ Уплата
на депозит (аванс) од 100 еур по лице
§ Доплаќање до 10 дена пред заминување
§ Целосна
уплата до 30 дена пред заминување.
Патниците
имаат право да го откажат договорот за патување во секое време пред започнување
на користењето на туристичкиот пакет, со плаќање на следните пенали:
·
До 30 дена пред датумот на патување:
без пенали
·
Од 29 дена до датумот на патување:
100% пенали од износот на целиот договор
·
Промена на име до 10
дена пред патувањето без казна, со доплата на трошочи за издавање на нов авио билет.
ОТКАЖУВАЊЕ БЕЗ ПЕНАЛИ И РЕФУНДАЦИЈА:
* Во случај на откажување на патувањето од страна
на агенцијата, износот се враќа во рок од 7 дена од денот на откажувањето;
* Во случај на неможност за патување поради
забрана или ограничување поради епидемиолошка состојба поврзана со КОВИД 19,
исплатениот износ се враќа во целост во рок од 14 дена од датумот на поаѓање.
* Единствен исклучок е случајот на развој на епидемиолошката состојба и
попречување на патувањето поради затворање на границите на Бугарија и ОАЕ. Во
овој случај, тур-операторот е должен да ја врати сумата што ја платил
корисникот во рок од 14 дена по датумот на поаѓање.
Тур-операторот го задржува правото да го смени времето на поаѓање доколку е
потребно.
Вид на
превоз кој се користи во програмата: Авион и автобус.
Забелешки:
·
Дадените пакетни цени се калкулирани по курс на 1 ЕВРО = 62 мкд.
ВО случај, валутниот курс да се зголеми или намали за 5 или повеќе проценти,
организаторот го задржува правото за корекција на општата пакетна цена.
·
Ве молиме да имате во предвид дека некои хотели во Дубаи бараат
депозит за хотелски услуги при пристигнување - мини бар, спа центар, бар,
ресторани. Доколку депозитот не се искористи, тој се враќа. Плаќањето може да
се изврши во готово или со кредитна картичка.
·
Минимален број на туристи за патување - 20.
Краен рок за
известување за недоволен број: 14 дена пред датумот на поаѓање
·
Доколку се променат цените на влезниците за објектите и
рестораните, може да се променат цени на програмата или екскурзиите.
Во случај корисникот да го прекине доброволно своето патување за
време додека истото веќе се реализира, сите дополнителни трошоци, вклучително и
транспортните трошоци, се на негова сметка.
За патување во Дубаи нема посебни медицински и санитарни барања.
Патувањето како целосна програма НЕ Е соодветно за лица со
ограничена подвижност.